Достапни линкови

Загрозена демократија?


Слаба економија, загрозена демократија?

Слаба економија, загрозена демократија?

Во услови на слаба економија не може да се очекува развој на демократијата, се согласуваат упатените. Политикологот Мерсел Биљали вели дека слабата економија создава социјални процеси кои не можат да придонесат кон развој на демократскиот процес.
Демократскиот процес може да изгледа или спор или да не дава резултати, па затоа се појавуваат социјални бунтови и движења, кои на крај се секогаш авторитарни.

„При услови на слаба економија и социјално неповолна ситуација владеат поинакви односи и тоа се рефлектира на функционирањето на власта, како и на развојот на демократијата. Неспорно е дека при услови на слаба економија не може да има добар развој на демократијата.“

Биљали додава дека во вакви услови посебно важно е како ќе реагираат лидерите

„Во прашање е одговорноста на лидерството. Тука е проблемот.“

Владимир Глигоров

Во услови на продолжена економска криза или продолжена економска депресија и стагнација се јавуваат политички анти-демократски постапки, вели д-р. Владимир Глигоров од Виенскиот институт за економија.

„Бидејќи демократскиот процес може да изгледа или спор или да не дава резултати, па затоа се појавуваат социјални бунтови и движења, кои на крај се секогаш авторитарни.“

Опозициските партии треба да бидат противтежа ако демократскиот процес се загрозува, смета Глигоров.

„Претпоставувам дека е клучна противтежа на социјални проблеми опозициските партии да делуваат поиновативно и поагресивно.“

Во изминатиов период, посебно пред новогодишните празници, видно се зачестија критиките кон владеачката партија за загрозување на демократскиот процес и обвинувањата за авторитарно постапување и самоволие.
XS
SM
MD
LG