Достапни линкови

Германија нуди 150 илјади работни места за Романци, Бугари и Хрвати


Дрезден - Фолксфаген

Дрезден - Фолксфаген

Најмалку 150 илјади работни места понуди Германија оваа година за државјани на Романија, Бугарија и Хрватска и покрај фактот што граѓаните од првите две земји имаат ограничувања на германскиот пазар на труд, а третата држава не е членка на Европската унија, пишува денеска романскиот весник „Гандул“.
Поголемиот дел од понудените работни места се однесуваат на професииите инжинери, медицински лица, готвачи и келнери.
Граѓаните на трите земји, кои ќе заминат да работат во Германија, ќе мора да имаат дозвола за работа, од германскиот работодавец. Весникот уште напоменува дека од 2013 година Романците и Бугарите ќе можат без ограничувања да работат во Германија.
XS
SM
MD
LG