Достапни линкови

Во Македонија православните верници го слават Божик


Православните христијански верници во Македонија денеска го одбележуваат Божик денот на христовото раѓање. Во храмовите на Македонската Православна Црква по тој повод се одвиваат црковни церемонии, а честитки до граѓаните упатија државниот врв и лидерите на политичките партии.
Католиците и дел од православните христијани кои го прифатиле Грегоријанскиот календар, Божик го слават на 25 декември. Дел од православните цркви кои се водат според стариот Јулијанскиот календар, раѓањето Христово го одбележуваат на 7 јануари.
Иако се правени обиди за усогласување на празнувањата, разликите остануваат, и покрај укажувањата на математичарите дека ако продолжат да се применуваат и двата календара, дел од православците Божик во 2101 година наместо на 7 ќе го слават на 8 декември. Тоа е затоа што стариот Јулијански календар доцни зад соларниот еден ден на секои 128 години, што кај Грегоријанскиот календар се случува по 3300 години.
XS
SM
MD
LG