Достапни линкови

Папандреу на средба на турските амбасадори во Анадолија


Eрдоган го чека Папандреу

Eрдоган го чека Папандреу

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу денеска во турскиот град Ерзурум во Источна Анадолија, ќе присуствува на заклучниот дел од годишната средба на турските амбасадори.
Папандреу во Ерзурум ќе биде придружуван од турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, а се очекува главна тема на разговорот меѓу двајцата премиери да биде проблемот со илегалната имиграција. Двајцата премиери ќе се обратат на состанокот на амбасадорите, а потоа ќе имаат средба на која се очекува да направат преглед за досегашните постигнувања во турско-грчките односи од нивната последна средба во октомври минатата година.
XS
SM
MD
LG