Достапни линкови

Пентагон ќе скрати 78 милијарди долари во следните 5 години


Роберт Гејтс

Роберт Гејтс

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс ги објави плановите за кратење на 78 милијарди долари од воениот буџет во следните 5 години.
Ова кратење е дел од напорите на администрацијата на Претседателот Барак Обама за намалување на растечкиот буџетски дефицит.
Гејтс изјави дека воениот буџет за 2012 ќе изнесува 553 милијарди што е благо зголемување за 3 насто, но дека во идните години буџетот ќе се намалува до нула проценти во 2015 и 2016 година.
Тоа ќе значи кратења во армијата за 27 илјади војници и во маринскиот корпус за 15 до 20 илјади до 2015 – 2016 година.
XS
SM
MD
LG