Достапни линкови

Шиитскиот свештеник Садр им се обрати на следбениците


Шиитскиот свештеник Моктада Ал Садр кој се врати во Ирак по четири години прогонство ги повика неговите следбеници да останат мирни. Во соопштението на Садр се вели дека недисциплината на луѓето додека ги изведувал неговите религиозни ритуали му пречи и ги повредила неговите чувства. Илјадници луѓе излегоа да го пречекаат радикалниот свештеник кога пристигна во Најаф. Садр се уште не даде објаснување зошто решил да се врати во земјата по самостојниот егзил.
XS
SM
MD
LG