Достапни линкови

logo-print

САД и Кина во разговори за Корејскиот полуостров


Стивен Босворт

Стивен Босворт

Американскиот пратеник за Северна Кореја, Стивен Босворт денеска се сретна со кинеските официјални лица да разговара за тензиите на Корејскиот полуостров. Во соопштението на амбасадата на САД е наведено дека средбата на Босворт со Жанг Жијун била корисна.
Кинескиот министер за надворешни работи Хонг Лиу изјави дека двете страни ги потврдиле своите заложби да се зачува мирот и стабилноста на полуостровот и да ги придвижат разговорите за нуклерната програма на Северна Кореја, кои се замрзнати речиси две години.
XS
SM
MD
LG