Достапни линкови

Орбан - ако ЕУ оцени дека законот за медиуми е спорен ќе се смени


Премиерот Виктор Орбан

Премиерот Виктор Орбан

Унгарскиот Премиер Виктор Орбан изјави дека ако Европската Унија оцени дека унгарскиот закон за медиуми треба да се смени тоа ќе биде прифатено од владата. Меѓутоа, Орбан на прес конференција зборуваше дека законот, кој е критикуван како рестриктивен за слободата на медиумите, бил сличен на закони во други земји на Унијата. Овој закон во Унгарија стана ефективен на 1 Јануари кога Будимпешта го превзеде 6 месечното преседавање со Европската Унија.
XS
SM
MD
LG