Достапни линкови

Во Македонија се слави Бадник


Православните христијански верници во Македонија денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово - Божик. Бадник традиционално ќе биде одбележан со собир пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан со пригодна беседа ќе им се обрати на скопјани и на сите добронамерници.
Традиционално, делегација на Одборот ќе го посети Домот за стари лица „Мајка Тереза“ во Злокуќани, каде тој ќе врачи пригодни подароци.
Бадниковите гранчиња се симбол на среќата, љубовта и светлината, со кои православните верници ги украсуваат домовите за Бадниковата вечер, во пресрет на Божик, најголемиот христијански празник.
XS
SM
MD
LG