Достапни линкови

Американскиот пратеник за Северна Кореа во Пекинг


Американскиот пратеник за Северна Кореа Стивен Босворт денеска е во Пекинг во барање начини за надминување на кризата меѓу Северна и Јужна Кореа. Тензиите на Корејскиот полуостров се на највисоко ниво откако во ноември Северна Кореа гранатираше едно село во Јужна Кореа при што загинаа четири луѓе. Северна Корeа ќе биде едно од главните прашања за кои ќе разговара за време на посетата на кинескиот претседател Ху Џинтао на Вашингтон овој месец.
XS
SM
MD
LG