Достапни линкови

Патници од турски авион совладале наводен бомбаш


Патници од авион на Туркиш Ерлајнс совладале човек кој тврдел дека има бомба и се обидел насилно да влезе во пилотската кабина. Авионот кој полетал од Осло синоќа безбедно слетал во Истанбул. Се соопштува дека наводниот бомбаш бил Турчин. Тој се заканувал дека ќе се разнесе ако авионот не се врати назад во Осло.
По слетувањето, човекот бил уапсен, но немал бомба. Се уште не е познат неговиот мотив. Во авионот имало 60 патници.
XS
SM
MD
LG