Достапни линкови

Џон Бонер - Нов претседател на Претставничкиот дом на САД


U.S.House Speaker John Boehner

U.S.House Speaker John Boehner

Републиканецот Џон Бонер од Охајо е избран за нов спикер на Претставничкиот дом на САД, откако републиканците го презедоа мнозинството во 435-члениот Парламент од демократите на претседателот Барак Обама. Бонер го презеде местото од демократката Ненси Пелоси.
Во својот говор, тој рече дека републиканските пратеници сега мора да ги исполнат предизборните ветувања за намалување на даноците, намалување на администрацијата и создавање услови за нови работни места.
Се очекува, веќе следната недела републиканците да гласаат за укинување на здравствените реформи што ги изгласаа демократите на Обама, но се очекува оваа мерка да биде блокирана во Сенатот каде што демократите се уште имаат мнозинство.
XS
SM
MD
LG