Достапни линкови

logo-print

Бритиш петролеум штедел на безбедност


 Port Sulpher, Louisiana, 20Jun2010

Port Sulpher, Louisiana, 20Jun2010

Нафтениот гигант Бритиш петролеум носел „системски“ одлуки за намалување на трошоците што довело до нафтената хаварија што минатото лето го загади Мексиканскиот Залив, заклучи Комисијата што ја формираше американскиот претседател Барак Обама.
Во конечниот извештај на Комисијата се наведува дека многу од одлуките што ги донел Бритиш петролеум и неговите партнери Халибартон и Трансоушн им заштедиле на компаниите „значително“ време и пари, но го зголемиле ризикот од несреќа.
Комисијата заклучува дека на државните регулатори им недостигаат потребните овластувања, ресурси и техничка стручност за надгледување на нафтените компании. Комисијата нагласува дека без значителни реформи и во нафтената индустрија и во владините политики има можноста повторно да се случи слична катастрофа.
XS
SM
MD
LG