Достапни линкови

Полска со донаторска конференција за белоруската опозиција


Полска бара од САД да помогнат во финансирањето на политичките дисиденти во Белорусија, по неодамнешните избори по кои власта на претседателот Александар Лукашенко ги разби опозициските протести и ги апсеше опозициските лидери.
Во интервју за новинската агенција Асошиејтед прес, полскиот амбасадор во Вашингтон, Роберт Купијецки побара од САД да ги подржат белоруските активисти исто како што ги подржувале полските дисиденти за време на Студената војна.
Амбасадорот рече дека Полска планира наредниот месец да организира донаторска конференција во Варшава, на која ќе бидат поканети и САД, за да се соберат пари за противниците на белорускиот претседател Лукашенко.
XS
SM
MD
LG