Достапни линкови

Дневен печат


Весници, магазини, неделници, печат
Весници, магазини, неделници, печат

Извештаите за пречекот на Новата година, протестот на тутунарите, скандалот со амбасадорот Стојановски, случајот Вранишковски... главни теми во весниците.

Покрај вообичаените стереотипни извештаи за тоа како поминала прославата на Новата Година по плоштадите и кафеаните во Скопје и во другите градови во земјава и во странство, главна преокупација на медиумите во изминатите денови е љубовно-ограбувачкиот скандал на македонскиот амбасадор во Австралија, Перо Стојановски и неговата „популарност“ во тамошниот печат. И, се разбира, протестот на тутунарите и нивната битка со Владата за добивање на минатогодишната цена за откуп на тутунот.

Владата не не слуша

Особено Време ги следи сите потези на тутунарите, од протестот пред Собранието, кога за малку
Случајот со амбасадорот Стојановски не е дипломатски
скандал.
беше избегнат инцидент со полицијата, па до блокадата на речиси сите патни правци во земјава. „Тутунарите нема да отстапат“, „Владата не ја слуша маката“, - се некои од насловите во овој весник.

Речиси сите телевизии во последните вести во вторникот јавија за неуспешните преговори на претставниците на тутунопроизводителите во Владата и нивната најава, потоа, дека ќе го блокираат граничниот премин Меџитлија.

Случај „Перо Стојановски“

„Се' му се случува на Перо“, го насловува Нова Македонија извештајот за дипломатско-љубовниот скандал на амбасадорот Стојановски во Сиднеј, за „Дипломатијата на македонски начин“ пишува Вечер, кој потсетува и на другите амбасадорски скандали на македонската дипломатија, а Утрински, својот едиторијал го насловува со „Резил дипломатија“.

Дневник, во наслов го вади делот од соопштението на МНР дека „Случајот со амбасадорот Стојановски не е дипломатски скандал“.

Името, Вранишковски...

Сите медиуми ја објавија веста дека посредникот Нимиц закажал нова заедничка средба со грчките и македонските преговарачи за името во Њујорк, со тоа што Време прашува дали власта храни лажен оптимизам со изјавите на претседателот Иванов и министерот Милошоски кои најавија можност за решение на спорот во првата половина на годинава.

Дека Вранишковски е ослободен од Апелацискиот суд во Софија, наместо да биде екстрадиран во земјава, објавија сите медиуми.
Време прашува дали власта храни лажен оптимизам со изјавите на претседателот Иванов и министерот Милошоски кои најавија можност за решение на спорот за името.

Анонимно против Коњановски

Таканаречените опозициони весници и телевизии ја објавија веста за анонимната кривична пријава против министерот за одбрана Коњановски за времето кога беше директор на битолски РЕК, како дополнување на случајот со дванаесеттемина директори осомничени дека во негово време го оштетиле комбинатот со седум милиони евра.

Кога сме кај економијата, Вечер, на насловна објавува дека „Годинава се очекува да продолжат позитивните стапки на раст“, додека Време пишува дека фирмите го продлабочуваат трговскиот дефицит и дека „Задолжените ќе бидат позадолжени“, затоа што деловната клима не обезбедувала пораст на стопанството кое морало да се задолжува кај странски банки.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG