Достапни линкови

logo-print

Владата смета дека ги исполнила обврските кон тутунарите


Производител на тутун од Прилеп

Производител на тутун од Прилеп

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека Владата ги исполнила и ветувањата и обврските кон произведувачите на тутун. Според нив тие никогаш не им ветиле дека тутунот ќе се откупува по ланските цени, туку дека ќе помогнат во пронаоѓањето на заедничко решение. Државниот инспекторат како што е наведено во соопштението спроведува засилени контроли кај откупувачите за правилна имплементација на Законот за тутун и тутунски производи.
XS
SM
MD
LG