Достапни линкови

Украинскиот обвинител со предупредување до Тимошенко


Јулија Тимошенко

Јулија Тимошенко

Украинскиот обвинител денеска се закани дека ќе ја уапси поранешната премиерка на земјата Јулија Тимошенко, под обвинение дека го одолговекува сослушувањето за обвинението покренато против неа. Судијата Сергеј Горбатиук ја предупреди Тимошенко дека ако продолжи со таквата пракса може да се соочи со мерки согласно законот. Тимошенко за новинската агенција Интерфакс изјавила дека мора да прочита 17 томови материјал поврзани со нејзиниот случај. Поранешната премиерка е обвинета за злоупотреба на државна должност.
XS
SM
MD
LG