Достапни линкови

logo-print

Нивото на политичка комуникација во Македонија е под границата на дозволеното, а политичарите не внимаваат на однесувањето и на она што го кажуваат, велат експертите.

Премиерот Никола Груевски доцни на средби со странски преставници, со домашни политичари, доаѓа половина час подоцна на прес-конференции, манифестации, премиери... Политичарите даваат изјава, а потоа велат дека биле извадени од контекст, или се правдаат дека не го мислеле тоа што го кажале, се збуниле.
Политичарите вршат јавна функција и треба да знаат дека секое нивно појавување, искажан збор има тежина, особено ако е пред преставници на меѓународната заедница. Но, и настапите пред домашната јавност можат да им донесат негативни поени доколку се
Mожеби имаше еден период каде што тоа успеваше да донесе поени кај граѓаните, но во последно време граѓаните се се повеќе заситени од таквиот начин на аругументација и дека мораат ако не поради повисока политичка култура, тогаш заради своја поуспешност во аргументирањето да се воздражат од квалификации кои недоликуваат на еден политичар.
однесуваат или зборуваат онака како што не треба, велат аналитичарите.

Професорот Владимир Пивоваров кој предава дипломатско право и протокол вели дека во дипломатијата секое однесување испраќа некаква порака.

Државниот врв

„На пример, ако се работи за некој дипломат да речеме од големите светски сили и вие не го пречекате на точно договореното време и место, значи му праќате сигнал дека не го почитувате, а тоа многу далекусежно може да има последици кон вашата држава.“

Јавниот настап во земјата на Претседателот на државата, премиерот и на спикерот на Собранието не е регулиран со ниту еден пишан документ каде што точно се пропишани правила на однесување кои мора да ги почитуваат кога ќе се појават во јавност. По настаните во Собранието кои се случија летово кога членови на опозицијата се судрија со човек од обезбедувањето, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски донесе кодекс за однесување на пратениците. Во него се вели дека пратениците во меѓусебните обраќања не смеат да користат навредливи зборови и клевети. Навредите не престанаа по усвојувањето на кодексот.

Еден од најголемите проблеми на нашите политичари е како тие се изразуваат во јавноста, каков е нивниот јавен настап, вели политикологот Здравко Савески. Тој вели дека во последните години наместо да се поентира со аргументи се користат навреди.

Лидерот и потпретседателите на СДСМ

„Дека можеби имаше еден период каде што тоа успеваше да донесе поени кај граѓаните, но
Пред да се изговори било што мора да се внимава какви последици ќе има тој јавно искажан збор.
во последно време граѓаните се се повеќе заситени од таквиот начин на аругументација и дека мораат, ако не поради повисока политичка култура, тогаш заради своја поуспешност во аргументирањето да се воздражат од квалификации кои недоликуваат на еден политичар.“

Марјан Забрчанец, комуникациски консултант, смета дека нивото на политичка комуникација во Македонија е под границата на дозволеното. Тој вели дека политчарите малку внимаваат на ова што го зборуваат.

„Пред да се изговори било што мора да се внимава какви последици ќе има тој јавно искажан збор. Во Македонија сме сведоци на ситуации кога политичарите тврдат дека биле извадени од контекст или пак демантираат дека кажале нешто што претходно навистина го кажале.“

Непримерното однесување на луѓето позиционирани на високи функции негативно влијае на општата јавност и тоа допринесува да се зголеми процентот на неопределни граѓани, велат експертите.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG