Достапни линкови

Петиција против извештајот на Дик Марти


Организациите, кои произлегле од некогашната Ослободителна војска на Косово, почнуваат од денеска да собираат потписи за национална петиција против, како што се вели, навредите нанесени кон албанскиот народ од страна на известувачот на Советот на Европа Дик Марти во извештајот за трговијата со човечки органи на киднапирани косовски Срби“. Во сите албански земји, во Албанија, Косово, Источно Косово и Македонија денеска почнува потпишување на петицијата против извештајот на Дик Марти, се вели во соопштението.
XS
SM
MD
LG