Достапни линкови

Избледнетиот сон за Европа


Орхан Памук

Орхан Памук

Под овој наслов турскиот писател и добитник на Нобеловата награда за литература Орхан Памук се осврнува врз долгото чекање на неговата земја да стане членка на Европската унија.

Во учебниците што ги читав како дете во 50 и 60 години од минатиот век, Европа беше претставена како убава земја на легенди.

Додека ја градеше новата република врз урнатините на некогашната Отоманска империја која беше поделена по Првата светска војна, Мустафа Кемал Ататурк се бореше против грчката војска, но подоцна со помош на армијата воведе многу социјални и културни реформи кои беа прозападни, пишува во текстот турскиот писател Орхан Памук, додавајќи дека учебниците имаа за цел да ги научат децата зошто беше потребно да се повлече линија меѓу државата и религијата и зошто арапското писмо беше заменето со латиница.
Ако лежевме на нафта како Арапите, дали тогаш ќе бевме богати како Европјаните?

Но, книгите исто така беа преплавени со прашања што требаше да ја откријат тајната на неизмерната европска моќ. „Опишете ги целите и последиците на ренесансата“, прашуваше професорот по историја во средно, на што моите соученици ќе возвратеа: „Ако лежевме на нафта како Арапите, дали тогаш ќе бевме богати како Европјаните?“ Всушност кај нас никогаш не ни дојде до ренесанса.

Турскиот писател Орхан Памук на балконот од неговиот дом во Истанбул

Ибн Калдун, арапски мислител од 14 век вели дека покорените цивилизации се бранеле од распаѓање така што ги имитирале своите окуптатори. Поради тоа што Турција никогаш не биле окупирана од некоја светска сила „обожувањето на Европа“ или „имитирањето на Западот“ никогаш и немаше призвук на понижување. Угледувањето на Европа беше претставено како историски императив.

Но, овој убав и некогаш моќен сон за Европа, сега бледнее. Можеби затоа што Турција веќе не е толку сиромашна како некогаш. Или можеби затоа што веќе не е земјоделска земја со која управува војската, туку динамична нација со развиено граѓанско општество.

Во изминативе години дојде до забавување на преговорите меѓу Турција и Европската унија, а решението не е ни на повидок. Ни во Европа, ни во Турција не постои реална надеж дека Турција во блиска иднина ќе и се приклучи на Унијата. Но да се признае дека надежта е загубена е исто толку поразувачко како и целосното распаѓање на односите со Европа. Затоа никој нема срце да ги изусти овие зборови, пишува Орхан Памук и додава:
Никој не може да знае колку Европјаните страдаат од анксиозност или дури и паничат со цел да ги зачуваат големите европски вредности и богатството што го собраа од незападниот свет и да ги задржат предностите што ги стекнаа во столетните војни и
колонизации.

„Фактот дека Турција и другите источни земји се разочарани од Европа го спознав во разговори со различни луѓе. Најголемата дамка во односите меѓу Турција и Унијата е сојузот меѓу турската војска, водечките медиуми и национално ориентираните партии кои се обединија во успешна кампања со цел да ги саботираат преговорите меѓу Анкара и Брисел. Истиот сојуз е одговорен за тужбите против мене и други писатели.“

Тука се и емоционално обоените демагогии чие значење најмногу може да се објасни преку односите со Франција. Во изминативе векови, цели генерации на турската елита верно ја земаа Франција како модел, потпирајќи се врз нејзиното разбирање на секуларизмот. Затоа разочарувачки е фактот што во последниве пет години Франција се покажа како држава која најжестоко се противи на идејата за Турција во Европа. Вмешаноста на Европа во војната во Ирак ја разбесни Турција.

Кога ја гледате сликата на Европа од Истанбул, најпрвин ќе забележите дека таа е збунета од своите внатрешни проблеми. Јасно е дека Европјаните имаат многу помалку искуство од Американците во врска со соживотот со оние со поинаква вера, боја на кожата или културен идентитет. Ваквиот отпор спрема другите ги прави европските внатрешни проблеми понедопирливи. Неодамнешната расправа во Германија која се однесуваше на мултикултурата и интегарцијата главно на големото турско малцинство го докажува ваквото тврдење.

Најлошо од се е тоа што антиимиграциската политика и предрасудите веќе ги уништуваат клучните вредности врз кои Европа е заснована. Никој не може да знае колку Европјаните страдаат од анксиозност или дури и паничат со цел да ги зачуваат големите европски вредности и богатството што го собраа од незападниот свет и да ги задржат предностите што ги стекнаа во столетните војни и колонизации.

Но, ако Европа навистина сака да се заштити, би било подобро да сврти кон себе и да се потсети на своите темелни вредности кои некогаш го сочинуваа центарот на гравитацијата за сите светски интелектуалци,, наведува во текстот турскиот писател и добитник на Нобеловата награда за литература Орхан Памук.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG