Достапни линкови

logo-print

Катар го призна Косово


Косовскиот заменик министер за надворешни работи Вљора Пеќани соопшти дека Катар е првата држава која во новата година го признала Косово, со што бројот на земји кои го сториле тоа е зголемен на 73. Признавањето на независноста на Косово, Катар го најави за време на посетата на косовскиот премиер Хашим Тачи на таа земја, во септември минатата година. Последна држава која ја призна косовската независност беше Тувалу, во ноември минатата година.
XS
SM
MD
LG