Достапни линкови

Гбагбо се согласил да преговара за мирен крај на кризата


Лоран Гбагбо

Лоран Гбагбо

Регионалните лидери соопштија дека претседателот на Брегот на Слоновата Коска Лоран Гбагбо се согласил да преговара за мирен крај на кризата во неговата земја, без предуслови. Претставник на Економската заедница на Западноафриканските држави изјави дека Гбагбо исто така се согласил веднаш да ја укине блокадата на привремениот штаб на неговиот претседателски конкурент Аласан Уатара. Економската заедница нагласува дека воена интервенција во Брегот на Слоновата коска и натаму останува како опција, доколку разговорите западнат во ќорсокак. Обединетите Нации ја поздравија победата на Уатара на претседателските избори во ноември, но Гбагбо одби да ја предаде власта.
XS
SM
MD
LG