Достапни линкови

Тридневна жалост во Пакистан по убиството на гувернерот на Пенџаб


Во Пакистан е прогласена тридневна жалост по убиството на гувернерот на најнаселената провинција Пенџаб, Салман Тасер. Убиството беше осудено од страна на САД, ЕУ и ОН. Тасер беше убиен вчера во близина на неговиот дом во Исламабад, а властите соопштија дека осомничен за тоа е еден од неговите телохранители. Тој бил незадоволен од противењето на Тасер на пакистанскиот закон за бласфемија, кој предвидува смртна казна за навреда на исламот.
XS
SM
MD
LG