Достапни линкови

Средбата за името во Њујорк ќе биде неформална?


Метју Нимиц

Метју Нимиц

Најавената средба на посредникот за името Метју Нимиц со претставникот на Грција Адемантиос Василакис и на Македонија, Зоран Јолевски на 27 јануари во Њујорк, според грчкиот весник Катмерини ќе биде неформален состанок на кој ќе се презентираат позициите на двете страни и е со цел да се покаже дека процесот е се уште жив. Грчкото министерство за надворешни работи како што наведува весникот се изјаснило дека во процесот и во позициите не е сменето ништо во последниве месеци и за грчките дипломати македонската страна се уште не е суштински подготвена да учествува во преговорите.
XS
SM
MD
LG