Достапни линкови

Планински врв во Киргистан ќе биде именуван по Владимир Путин


Владимир Путин

Владимир Путин

Киргистанскиот премиер Алмазбек Атамбаев го одобри законот со кој еден планински врв во земјата би бил именуван по рускиот премиер Владимир Путин. Предлог законот треба да биде одобрен од Собранието и доколку биде изгласан врвот висок 4500 метри во северниот дел на покраината Чуи ќе се вика Владимир Путин Врв. Киргистан претходно именуваше еден врв и по името на поранешниот руски претседател Борис Елцин.
XS
SM
MD
LG