Достапни линкови

Иран ги отфрла апелите за ослободување на германските новинари


Иранското министрество за надворешни работи денеска ги отфрли апелите за ослободување на двајцата германски новинари, уапсени во Иран пред три месеци бидејки направиле интервју со синот на иранката осудена на смрт со каменување поради неверство. Според Техеран, германските новинари влегле во земјата со туристички визи и не се акредитирале како новинари. Околу 100-тина германски личности од политиката, бизнисот и спортисти, во неделата упатија јавен апел до Иран да ги ослободи новинарите.
XS
SM
MD
LG