Достапни линкови

logo-print

Приоритет ЕУ и НАТО


Граѓани пред Владата со македонско и знаме на ЕУ

Граѓани пред Владата со македонско и знаме на ЕУ

Македонија нема друга алтернатива освен продолжување на евроинтеграциите, порачуваат меѓународните претставници.

Македонија мора да го продолжи евроинтегративниот пат и да работи на остварување на реформите кои од неа се бараат. Ова е заедничкиот став на домашната и меѓународната експертска јавност во поглед на нашите аспирации кон Европската Унија и НАТО.
За евроамбасадорот во земјава Ерван Фуере, Македонија нема друга алтернатива.
Мислам дека како што покажуваат и анкетите луѓето се општо определени да ја видат земјата во ЕУ, нема друга алтернатива за земјата. Тоа што е потребно е владата да демонстрира со своите постапки дека вистински е посветена на оваа тема.


„Мислам дека, како што покажуваат и анкетите, луѓето се општо определени да ја видат земјата во ЕУ, нема друга алтернатива за земјата. Тоа што е потребно е владата да

Фуере - Владата да демонстрира вистинска посветеност на патот кон ЕУ
демонстрира со своите постапки дека вистински е посветена на оваа тема и дека ги насочува сите напори на препораките кои се содржани во овој извештај.“

Исти се очекувањата и во поглед на нејзиното интегрирање во Алијансата. Првиот човек на НАТО штабот во Скопје, генерал Давид Хумар изјави дека местото на земјава е во НАТО. Но, засега членството е условено од решавањето на спорот за името со Грција, рече Хумар, додавајќи дека сепак треба да останеме фокусирани на реформите, посебно во секторот на одбраната.

„Се додека прашањето за името не е решено вие треба да останете фокусирани на вашиот пат за реформи, посебно во секторот на одбраната и да продолжите не само со
Хумар - Се додека не се реши прашањето за името, Македонија треба да работи на реформите
подобрување на овој сегмент, туку и со остатокотот од системот. Ова во секој случај мора да го направите не заради НАТО или некој друг, туку заради самите себе си.“
Се додека прашањето за името не е решено вие треба да останете фокусирани на вашиот пат за реформи, посебно во секторот на одбраната.


Потпретседателот на Евроатланскиот совет, Исмет Рамадани вели дека неприсуството на земјава на иста маса со највлијателните држави, остава впечаток на незаинтересираност од наша страна. Потребно е, вели Рамадани, да создаваме поволна клима за разговори и пријателски односи со соседите.

„Треба да направиме секогаш нешто повеќе, да оставаме впечаток дека се трудиме, да го постигнеме тоа што се бара од нас, за тој компромис мора да се најде солуција.“

Експертите не очекуваат големи промени во 2011-тата. Професорот Никола Дујовски вели дека владата треба да се концентрира на зајакнување на секретаријатот за европски прашања и да се формираат тимовите за евентуални преговори со Унијата.
Треба да направиме секогаш нешто повеќе, да оставаме впечаток дека се трудиме, да го постигнеме тоа што се бара од нас, за тој компромис мора да се најде солуција.


„Ние, сега за сега, се уште го немаме костурот на преговарачките тимови што е многу значајно затоа што на луѓето што би работеле во тие тимови најпрво им е потребна обука.“

И Иљбер Сеља од Штуловиот универзитет се согласува дека претстојната година нема да ни донесе изненадувања. Според него, власта покажала дека незаинтересираност и немање политичка волја за евроинтергациите.

„Оваа гарнитура нема волја да го реши проблемот, ние бевме првата држава што го потпиша Договорот за стабилизација и асоцијација, ама ги пропуштивме овие шанси и сега треба да чекаме.“

Без оглед на тоа, дали спорот за името ќе се реши или не и дали преговорите уште многу ќе го оддолжат процесот на евроинтегрирање, експертите порачуваат дека земјава мора да остане посветена на реформите и критериумите кои се услов за членство во Унијата и НАТО.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG