Достапни линкови

Иран потврди дека упатил покана за посета на нуклеарните капацитети


Натанц - нуклеарен капацитет на Иран

Натанц - нуклеарен капацитет на Иран

Иран денеска потврди дека ги покани Русија, Кина и ЕУ, како и своите арапски сојузници да ги посетат неговите нуклеарни капацитети.
Западните агенции јавија дека иранскиот пратеник Али Асхар Солтаниех пратил писмо до амбасадорите акредитирани во Меѓународната Агенција за атомска енергија.
До поканата доаѓа спроти новата рунда разговори меѓу Иран и шесте светски сили, закажана за овој месец во Истанбул.
XS
SM
MD
LG