Достапни линкови

Турски космонаут во тимот на НАСА


Телескоп Кека.

Телескоп Кека.

На почетокот на минатата година Турција побарала од САД турски космонаут да биде вклучен во некој иден лет, организиран од американската Национална управа за воздухопловство и истражување на вселената НАСА во замена за порачка од турската државна авиокомпанија „Турк хава јуолар“ на 20 патнички авиони Боинг, покажуваат материјалите на Викиликс, објавени од весникот „Њујорк тајмс“ и цитирани од турските весници.
Материјалите откриваат дека американските дипломати се обидувале да ги убедат претставниците на државите, што сакаат да купуваат авиони, да ги преферираат авионите на американската фирма Боинг пред оние на европскиот конзорциум Ербас, удоволувајќи ги нивните барања.
XS
SM
MD
LG