Достапни линкови

Обама - 2011 година на предизвик


Барак Обама
Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама во 2011 се соочува со најголемата битка во неговиот политички живот. Обама влегува во третата година од своето претседателствување во која невработеноста, како и владините трошоцие, се уште се високи. Историскиот пораз на изборите во ноември им влеа повеќе енергија на опозициските Републиканци, но и незадоволство во неговата Демократска партија. Како и да е, се уште е рано да се отпише Обама.

Вилијам Галстон, кој во времето кога Бил Клинтон беше претседател на САД, работеше како висок советник за внатрешна политика вели дека сегашната политичка ситуација му нуди на Обама неколку стратегиски можности.

„Тој сега треба да и понуди рака на опозицијата по што ќе следуваат две опции: Или
Или опозицијата ќе ја одбие со што народот ќе види кој може да го обедини или опозицијата ќе ја прифати можноста со што ќе се покаже како вистински лидер каков што бара народот. Во двата случаја не може да изгуби.
опозицијата ќе ја одбие со што народот ќе види кој може да го обедини или опозицијата ќе ја прифати можноста со што ќе се покаже како вистински лидер каков што бара народот. Во двата случаја не може да изгуби.“

По се изгледа дека Обама и не изгуби многу време на ова прашање. Тој на почетокот на декември потпиша договор за продолжување на ерата на Буш за намалување на даноците во замена за проширувањето на бенефициите за невработените. Таквиот договор изнервира голем дел од неговите сопартијци - Демократи, додека од опозицијата доби поддршка. Со тоа Обама се покажа како лидер со натпартиски интерес.

„Долгата политичка борба што ќе продолжи и наредната година може да биде добра за политиката, но тоа ќе биде лоша зделка за економијата и лоша зделка за американскиот народ. Моја одговорност како претседател е да го направам она што е вистинско за народот и ќе се држам до тоа додека сум во оваа канцеларија“, изјави Обама.


Аналитичарот Вилијам Ман од Институтот Брукинг во Вашингтон вели дека во обидот за баланс, Обама наидува на нови ризици. Тој додава дека, од една страна, доколку економијата не заздрави набрзо нема надеж дека Обама ќе остане претседател, без разлика колку и какви остроумни политички маневри ќе спроведе. Од друга страна, може да очекува проблеми од сопартиците незадоволни од непопуларната војна во Авганистан и компромисите со Републиканците. Обама не може ни многу да се надева на помошта или подршката од Републикаците. Со самото влегување на новите сенатори во Конгресот ќе почне и новата долгонајавувана битка од Конзервативците, а тоа се реформите во здравството и промени во широката владина подршка за заздравувањето на економијата.

Новинарот Еван Томас во магазинот Њузвик пишува дека ако Обама сака да биде успешен претседател, кој навистина ќе направи промени, тогаш треба да преземе акција да ја зајакне американската фискална политика и да му ја каже вистината на народот за дефицитот, за долгот, за да биде на чисто со гласачите. Но проблемот тука, како што вели тој , е во тоа што Американците, кои многу лесно го примаат популизмот, преферираат нивните политичари да шират повеќе оптимизам.
Треба да се смисли нешто генијално, што ќе вети економски раст по што дивидендите ќе се поделаат отворено во општеството. Работата е во тоа што народот стравува од економските проблеми, по се она што помина.


„Треба да се смисли нешто генијално, што ќе вети економски раст по што дивидендите ќе се поделаат отворено во општеството. Работата е во тоа што народот стравува од економските проблеми, по се она што помина.“

Пишувачот на говори од конзервативната администрацијата на поранешниот претседател Џорџ Буш, Дејвид Фрум предупредува дека дел од економските предлози на Репуликанците се на штета на средната и ниската класа. За сега една работа е сигурна, рејтингот на Обама ќе закрепе доколку извлече лекција од грешките кои го доведоа до овој хаос. Републиканците, од друга страна, очекувано ќе ја обвинуваат претседатеската политика за лошата ситуцијата. Галстон, кој забележува дека Обама слабо се снаоѓа во презентирањето на пораката до електорат, наведува дека Обама има совршена можност да ја исправи таа грешка со најважниот политички говор на годината, традиционалното годишно обраќање на претседателот. Во секој случај сите се согласни дека 2011 ќе биде решавачка година за претседателствувањето на Барак Обама.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG