Достапни линкови

Гласови на Солидарноста


Затворот во Минск
Затворот во Минск
Истакнати личности на светската политика и култура ги читаа имињата на стотиците уапсени за време на протестите по реизборот на белорускиот претседател Александар Лукашенко на 19 декември минатата година.

Станува збор за проект на Белорускиот сервис на Радио Слободна Европа „Гласови на Солидарноста“ во кој зборуваа поранешните Претседатели на САД и Чешка Џорџ Буш и Вацлав Хавел, потоа личности како Кондолиза Рајс, Франсис Фукојама, Јелена Бонер, Миљенко Јерговиќ.

Тие ги читаа имињата на уапсените кои протестираа против последниот европски диктатор, како што го нарекуваат Лукашенко. Полицијата тогаш ги растури демонстрациите при што уапси над 700 луѓе, меѓу кои и против кандидатите на Лукашенко на претседателските избори.

Директорот на Белорускиот сервис Александар Лукашук изјави дека одгласот на проектот Гласови на Солидарноста е огромен и позитивен.

ОБСЕ во Минск

Од друга страна, преседавачот на ОБСЕ, литванскиот министер за надворешни работи Аудронис Азубалис почна консултации со цел ОБСЕ да ја продолжи својата работа во Белорусија.

Тој рече дека „длабоко жали“ поради тоа што белоруски властите не го продолжија мандатот на Канцеларијата на ОБСЕ во Минск.

ОБСЕ во Минск работи од 1998 година. Мандатот на Канцеларијата мора да се обновува еднаш годишно од страна на 56 земји учеснички во ОБСЕ и истече на 31 декември 2010 година. Белорусија одби да го продолжи мандатот.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG