Достапни линкови

Бугарскиот претседател Прванов стави вето на Изборниот закон


Бугарскиот претседателот Героги Прванов стави вето на изборниот закон и денеска го врати во Собранието законот кој парламентот го усвои на 22 декември минатата година.Во соопштението од неговиот кабинет е наведено дека „измените во изборното законодавство треба да бидат дел од комплетната реформа на политичкиот модел“ и да бидат засновани на разумен политички компромис и разбирање. Во продолжение на соопштението се вели дека во спротивно, усвоениот закон би создал нестабилност доколку секое следно парламентарно мнозинство го менува врз основа на партиските интереси.
XS
SM
MD
LG