Достапни линкови

Пакистанската влада остана без мнозинство во Парламентот


Премиерот Јусуф Гилани

Премиерот Јусуф Гилани

Пакистанскиот претседател Асиф Али Задари изјави дека има целосна доверба во премиерот Јусуф Гилани, откако клучна партија ја напушти владечката коалиција. Во соопштението од неговиот кабиент се вели дека претседателот ќе го поддржи премиерот во обидите да ја сочува стабилноста на коалициската влада.
Претходно Гилани оддржа разговори со опозициските лидери во обид да се избегне политичка криза.
Мутахида Кауми движењето е втора политичка партрија која ја напушти колицијата во последниве два месеца со што Владата на Гилани го изгуби парламентарното мнозинство.
Политичката криза доаѓа во време на зголемени активности во борбата против Талибанците и катастрофалните поплави во земјата.
XS
SM
MD
LG