Достапни линкови

Западноафриканските лидери во мировни преговори на Брегот на Слоновата Коска


Средба на досегашниот претседател на Брегот на Слоновата Коска Лаурент Гбагбо со западноафриканските лидери

Средба на досегашниот претседател на Брегот на Слоновата Коска Лаурент Гбагбо со западноафриканските лидери

Западноафриканските лидери денеска пристигнаа на Брегот на Слоновата Коска на уште еден обид за решавање на политичката криза по претседателските избори во ноември. Лидерите на Бенин, Сиера Леоне, Кенија и Кејп Верде ќе се обидат да го убедат Лаурент Гбабго да му ја предаде власта на неговиот ривал Аласан Оуатара, кого меѓународната заедница го призна за победник на изборите. Претходно западноафриканските лидери го предупредија Гбабго дека ќе се соочи со воена интеревнција доколку не се повлече од фунцијата. Гбагбо тврдеше дека тие се дел од меѓународниот заговор против него.
XS
SM
MD
LG