Достапни линкови

Политика во образованието


Учениците кои тренираат одбојка останаа без своите тренинзи

Учениците кои тренираат одбојка останаа без своите тренинзи

Случајот со младите одбојкари од Прилеп добива судска разврскa, откако нивниот тренер поради „партиска неподобност“ доби забрана за работа.

Шеесетината млади одбојкарки од Прилеп и натаму немаат простор за тренинг, а случајот добива судска разврска и се поголема политичка димензија, откако нивниот тренер Слободан Ристески изјави пред медиумите, дека директорот на основното училиште „Гоце Делчев„ му ги забранил тренинзите зашто е член на СДСМ. Според Ристески, директорот Каралиоски потенцирал дека тоа не е негова одлука, туку на локалната власт, и дека мора да ја почитува. Ристески и неговите сопартијци револтирани зашто не само што не се решава проблемот, туку добива политички размери, одржаа дури и протест пред општинската зграда, на кој, како што потенцираше Ристески, го изразија своето незадоволство од „диктаторската политика и реваншизам што ја практицира локалната
Ниту вие г-дине Каралиоски, ниту ВМРО-ДПМНЕ нема да ме заплашат, зашто вашите диктаторски методи на практицирање на власта, ги поминуваат сите граници.
власт“.

Тренерот Слободан Ристески

„И сто тужби да поднесете, јас ја кажувам вистината, а вие повелете да се соочете со себе и вашите лаги. Ниту вие г-дине Каралиоски, ниту ВМРО-ДПМНЕ нема да ме заплашат, зашто вашите диктаторски методи на практицирање на власта, ги поминуваат сите граници, не избирате ни место, ни луѓе, ни методи на закана“, обвинува тренерот Ристески.

А, дека директорот Каралиоски посочил на партиската припадност на тренерот, како кочница за негова натамошна работа со младите одбојкарки во салата, и тоа по наредба на локалната власт, потврдува и нивниот колега, професорот Јане Џингоски, кој што бил очевидец на нивната средба во просториите на школото.

„Од локалната и од партијата да не влегува повеќе во салата. Како причина ја наведе, што летоска или кога беше, колегата излегол на прес во име на СДСМ, критикувајќи невраќањето на партиципацијата на учениците што ја плаќаат во училиштата и како добар критичар на власта на локалната самоуправа, повеќе не смее да влегува во салата“, тврди и Џингоски.

Директорот Каралиоски во неколку наврати ги демантираше овие наводи.
Mу излегол во пресрет, му дозволил два месеца да ги држи тренинзите, без надокнада, зашто нема писмен документ, дека господинот Слободанчо Ристески ги уплатил парите на некоја сметка, што значи дека во секој случај, претпоставувам дека господинот Каралиоски сакал да се заштити.
Тој тврди дека нема никаква политика во овој случај и дека за користење на салата одлучува Управниот одбор на школото. Од локалната власт исто така потврдуваат дека директорот и Управниот одбор на школото одлучуваат за сите случувања во училиштето и дека немаат никакво влијание врз нивната работа.

„Значи ние ги поставуваме директорите, а потоа тие имаат автономија во однос на практикувањето на законите. Значи таму има Училиштен одбор има некои критериуми кои треба да ги задоволат оние кои што ја бараат салата. А, од мои сознанија, господинот Каралиоски постапил навистина коректно спрема него, зашто му излегол во пресрет, му дозволил два месеца да ги држи тренинзите, без надокнада, зашто нема писмен документ, дека господинот Слободанчо Ристески ги уплатил парите на некоја сметка, што значи дека во секој случај, претпоставувам дека господинот Каралиоски сакал да се заштити“, изјави Димитар Стевананџија, претседател на Совет на Општина Прилеп.

Ристески, пак, потенцира дека Управниот одбор на школото деновиве го информирал писмено дека неговото официјално барање за одржување тренинзи во салата е одбиено, затоа што со изјавите што ги дал во медиумите, тој го нарушил угледот на школото. На чија страна е вистината сепак ќе докаже Основниот суд во Прилеп. Првото судско рочиште веќе е закажано за јануари.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG