Достапни линкови

logo-print

Минатата година ќе се памети по природните катастрофи


Една од познатите светски компани за осигурување Минхен Ре соопшти дека во 2010-та година загинале вкупно 295 илјади луѓе поради природни катастрофи, а причинетата штета изнесува 130 милијарди долари.
Регистрирани се вкупно 950 природни катастрофи со што 2010-тата е втора најлоша година по 1980-тата.
Само при земјотресот во јануари во Хаити загинаа над 200 илјади луѓе. Најголем дел од катастрофите се предизвикани од поплави, што е еден од главните индикатори за зголемувањето на климатските промени.
XS
SM
MD
LG