Достапни линкови

Унгарија ги отфрли критиките за новиот закон за медиуми


Унгарската јавна администрација и министерството за правда денеска ја отфрлија критиката за новиот закон за медиуми, тврдејќи дека земјата останува посветена на слобода на медиумите. Според новиот закон кој стапи на сила на 1 –ви јануари се предвидува Советот за медуми кој во поголем дел е составен од членови на владејачката партија да ја надгледува работата на медиумите, за објективно известување. Неколку земји од Европската унија и медиумски набљудувачки организации го критикуваа законот, затоа што, како што велат, може да ја задуши јавната дебата. Во денешното соопштение е наведено дека тоа се апсурдни обвиненија и дека критиките се неосновани поради недобра информираност за законот.
XS
SM
MD
LG