Достапни линкови

Пакистанската влада во криза


Пакистанскиот премиер Јусуф Гилани денеска одржува разговори со опозиционите лидери во обид да ја избегне политичката криза откако Мутахида Кауми движењето ја напушти владејачката коалиција. Станува збор за втора по големина партија во коалицијата која соопшти дека заминува во опозиција поради најновите поскапувања на нафтените производи. Политичката криза доаѓа во време на зголемени активности во борбата против талибанските бунтовници и по катастрофалните поплави во таа земја.
XS
SM
MD
LG