Достапни линкови

Уште две жртви во поплавите во Австралија


Во поплавите во Австралија загинале уште двајца со што вкупниот број на жртвите од почетокот на поплавите во ноември лани досега изнесува десет луѓе. Голем дел од ненаселените централни предели на Австралија се претворија во огромно езеро. Силните дождови кои кон крајот на декември ја погодија североисточната држава Квинсленд поплавија површина голема колку Франција и Германија заедно. Од поплавите се погодени околу 200 илјади луѓе, поради што во давањето помош се вклучи и војската.
XS
SM
MD
LG