Достапни линкови

Шварценегер се повлече од гуверенерската функција


Арнолд Шварценегер денеска се повлече од функцијата гуверенер на Калифорнија на која беше седум години. Неговото место го презеде демократот Џери Браун.
Републиканецот Шварценегер прв пат беше избран во 2003, а потоа реизбран во 2006 година со ветување дека ќе ја зацврсти економијата на Калифорнија, една од осумте најсилни економии во светот доколку оваа американска држава би се посматрала како посебна земја. Неговите критичари велат дека економијата е полоша од пред неговото доаѓање на власт. 63 годишната австриска филмска ѕвезда не ги соопшти своите натамошни планови.
XS
SM
MD
LG