Достапни линкови

Ахмети: годинава треба да се очекува решение за името


Лидерот на ДУИ Али Ахмети

Лидерот на ДУИ Али Ахмети

Ако сакаме решение за спорот со името наметнат од јужниот сосед, во преговорите треба да се да се вклучат и САД, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Тој рече дека треба да се очекува оти во текот на оваа година ќе се затвори проблемот со името. Ахмети на трибина во Струга се осврна и на темата со досиејата за соработка со поранешните тајни служи кои се појавија во јавноста, а кои беа поврзани со неговото име. Ахмети изјави дека станува збор за фабрикувани работи кои воопшто немаат врска со реалноста.
XS
SM
MD
LG