Достапни линкови

Земјотрес од 7,1 степен во Чиле


Штети по земјотресот во февруари

Штети по земјотресот во февруари

Земјотрес со јачина од 7,1 степен според Рихтеровата скала го погоди јужниот дел на Чиле, соопштуваат тамошните власти и американскиот геолошки завод. Засега нема извештаи за жртви и матријали штети. Но, голем број од жителите во крајбрежните градови, ги напуштија своите домови поради страв од цунами, иако не беше издадено предупредување. Според податоците на американскиот геолошки завод, епицентарот на земјотресот е на 600 километри југозападно од Сантјаго, главниот град на Чиле. Минатиот февруари во цунами по силниот земјотрес во истата област загинаа повеќе од 500 луѓе.
XS
SM
MD
LG