Достапни линкови

Мубарак:да се обединат муслиманите и христијаните во Египет


Египетскиот претседател Хосни Мубарак ги повика христијаните и муслиманите од неговата земја да се обединат против тероризмот, по бомбашкиот напад што се случи пред црква во Александрија. Мубарак рече дека веќе е здодевно да се нагласува дека „странски раце“ се обидуваат да го дестабилизираат Египет. Во бомбашкиот напад пред црква во Александрија за време на новогодишната вечер загинаа 21 човек, а 70 беа повредени. Египетски официјални лица велат дека се задржани на испрашување седум луѓе за кои постои сомневање дека се поврзани со бомбашкиот напад. Десет проценти од населението во Египет се христијани.
XS
SM
MD
LG