Достапни линкови

Старо Нагоричане развива туризам


Манастирот „Свети Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане

Манастирот „Свети Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане

Опсерваторијата Кокино, манастирот Св. Ѓорѓи, Меморијалниот музеј АСНОМ - можност за развој на туризмот во Старо Нагоричане.

Со бројните културно-историски споменици, археолошки локалитети, термалните извори и прекрасните пејзажи Општината Старо Нагоричане интензивно работи на искористување на туристичкиот потенцијал за привлекување посетители не само од балканските земји, туку и пошироко. Мегалитската опсерваторија Кокино, средновековниот храм „Свети Ѓорѓи“ - еден од повеќето монументи на културата во овој крај, испосницата на Свети Прохор Пчињски, манастирите Забел и Карпино, спомен костурницата Зебрњак, Меморијалниот музеј АСНОМ, геотермалниот извор Стрновац, комплексот Етносело, за почеток се главните дестинации
Се надевам дека ќе бидеме поуспешни во овој поглед.Од своето досегашно искуство Асоцијацијата на туристичките агенции на Србија ќе ни помогне на вистински начин да ги презентираме нашите турстички локалитети и доведување на туристите во оваа општина.
како за домашните, уште повеќе за странските посетители.

По нивното презентирање на туристичките саеми, локалната самоуправа воспоставила соработка меѓу другите и со Асоцијацијата на туристичките агенции на Србија. Градоначалникот Миодраг Јовановиќ вели дека заеднички ќе ги привлекуваат туристите, од Србија, од Хрватска, од Црна Гора и од другите земји кои на туристичките промоции биле заинтересирани да ги посетат дестинациите кои до сега им биле непознати.

„Се надевам дека ќе бидеме поуспешни во овој поглед.Од своето досегашно искуство Асоцијацијата на туристичките агенции на Србија ќе ни помогне на вистински начин да ги презентираме нашите турстички локалитети и доведување на туристите во оваа општина.“

Според Јовановиќ тоа значи дека оваа локална самоуправа:

„Работи на развојот на туризмот со што ќе се помогне на локалниот економски развој во Старо Нагоричане.“

Срѓан Џивџановиќ од Асоцијацијата на туристичките агенции на Србија вели:

„Мислам дека на туристичкиот пазар во Европа настанаа промени.Така, во програмите се повеќе се бара нешто што е непознато.“

Општина Старо Нагоричино

Според Џивџановиќ, соработката ќе овозможи да се понудат капацитетите од оваа општина во козјачко-пчињскиот регион. Турите ќе опфаќаат тргнување од манастирот Прохор Пчињски, посета на културно-историските споменици во Старо Нагоричане, потоа кон Крива Паланка и Ќустендил, а враќањето ќе биде преку Власина.

Неискористениот туристички потенцијал во некогаш многу значајната жидиловска област која била и транзитен центар за трговците, ќе се го добие своето вистинско значење, а на жителите од овој крај им се отвораат многу можности за подобрување на егзистенцијата.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG