Достапни линкови

Случајот Рамковски, главна тема во неделниците изминатата недела.

На насловната страница, неделникот Глобус ги објавува резултатите од својата анкета за тоа кој е најголемиот Македонец на сите времиња, во која им дале слобода на анкетираните сами да определат 50-мина најмаркантни ликови од нашата историја:

„Климент го победи Александар!“

Тоа го наведува неделникот да заклучи дека најпознати личности се оние кои ја донесле и ја одржувале писменоста и јазикот низ вековите, зашто токму македонскиот јазик е столбот на нашиот идентитет.

Втората тема што ја обработува Глобус е за свилениот гајтан за Велија Рамковски и за македонското новинарство, со напомена дека случајот Рамковски покажува дека на гнила и затруена почва не може да се одгледува органска храна, но дека тоа, македонските новинари не го сфаќаат. Неделникот ја нагласува несмасноста на полициската акција, нарекувајќи го стилот „слон во продавница за порцелан“ и забележувајќи дека е тешко да се поверува дека Рамковски, кому времето за откуп на тутунот му е сезона за јавни настапи, во кој и да е момент бил недостапен за органите на прогонот. Глобус претпоставува дека доколку се докажат обвиненијата против
Случајот Рамковски главна тема во неделниците
Рамковски и соработниците, тогаш е многу извесно дека А1 ТВ и неговите весници ќе прекинат со работа.

Шегобијно, но во стилот на празниците, Фокус, на насловната го објавува новогодишното мени од соништата на Груевски: „Велија на ражен, салата а ла Сорос и Љубе Бошковски за десерт“.

Инаку, и Фокус е поттикнат да пишува за случајот Рамковски, па ја насловува акцијата на полицијата како:
„Операција - А1 на колена“. Рамковски е зад решетки, власта го замолча најголемиот противник со силен медиум кој им правеше сериозни проблеми во последниве две години. Станува јасно, продолжува натаму неделникот, дека на удар е телевизијата.

Се најавува дека ќе бидат поднесени кривични пријави против новинарите кои дел од платата земале на рака, и така ќе бидат заплашени и уценети. Со тоа, ем ќе го дозаглават Рамковски, ем медиумот ќе го принудат сам да моли за помош.
Да не беше така, пишува Фокус, уште првиот ден ќе го замрзнеа целиот имот на Рамковски, меѓу кој се и медиумите. Зарем случајно на интернет се појавија прво платните списоци на новинарите?- прашува Фокус.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG