Достапни линкови

Западноафрикански обиди за смирување на тензиите во Брегот на Слоновата Коска


Премиерот на Кенија Раила Одинга ќе им се приклучи на западноафриканските лидери в понеделник во обид да го убедат досегашниот претседател на Брегот на Слоновата Коска Лаурент Гбагбо да ја отстапи власта по мирен пат. Во соопштението на Африканската унија е наведено дека Одинга ќе се сретне со претседателот на Нигерија Гудлак Џонатан кој е на чело на западноафриканскиот блок кој ги предводи преговорите. Тензиите на Брегот на Слоновата Коска се во пораст по претседателските избори кои се оддржаа во ноември. Обединетите Нации го признаа ривалот на Гбагбо, Аласан Оутара за победник на изборите.
XS
SM
MD
LG