Достапни линкови

logo-print

Германските политичари барат од Иран да ги ослободи новинарите


Стотина германски политичари и бизнисмени испратија заеднички апел до Иран да ги ослободи двајцата германски новинари кои се во притвор од октомври минатата година. Министерот за надворешни работи Гвидо Вестервеле побара под итно да се ослободат новинарите од весникот „ Билд Ам Зонстаг “ и да им се доволи да се вратат во Германија. Новинарите беа уапсени додека го интервјуирале синот на Сакине Мохамади Аштиани, која е осудена на смртна казна поради прељуба. Нејзиниот случај предизвика глобален интерес и загриженост во врска со човековите права во Иран.
XS
SM
MD
LG