Достапни линкови

Бан Ки Мун изрази подршка за Оутара


Лаурент Гбагбо

Лаурент Гбагбо

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун денеска во телефонски разговор со меѓународно признатиот претседател на Брегот на Слоновата Коска Аласан Оутара, му изрази поддршка, јавуваат новинските агенции.
По претседателските избори и двајцата кандидати Оутара и неговиот ривал досегашниот претседател Лаурент Гбагбо се прогласија за победници и положија свечена заклетва.
Разликата е во тоа што ЕУ , САД и ОН го признаа за победик Оутара и побараа од Гбагбо да се симне од функцијата. Но тој тоа го одби тврдејќи дека се прави „меѓународен заговор“ против него. Политичката криза на Брегот на Слоновата Коска предизвика зголемување на насилството и остави десетици мртви.
XS
SM
MD
LG