Достапни линкови

Западот го осуди нападот врз црква во Египет


Десетици христијански верници денеска присуствуваа на миса во копската црква во Александрија каде што загинаа 21 лице при експлозија на новогодишната ноќ. Папата Бенедикт 16 ти за време на самитот на верските лидери во Италија, го осуди нападот. Американскиот претседател Барак Обама го оцени нападот како „грозоморно и варварско дело“. Египетскиот претседател Хосни Мубарак смета дека нападот нема да ја дестабилизира земјата ниту да ги наруши односите меѓу христијаните и муслиманите во земјата.
Нападот доаѓа во време на растечките верски тензии во Египет, каде христијаните се 10 насто од вкупната претежно муслиманска популација во земјата.
XS
SM
MD
LG