Достапни линкови

Иванов - Македонија да биде дел од НАТО


Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов денеска ги посети припадниците на АРМ во воениот центар за комуникации на Водно, a преку видео врска директно им ја честита Новата 2011 година и на припадниците на АРМ кои во моментов се дел од меѓународната мировна мисија во Авганистан.
„Република Македонија да биде дел од евроатлантското семејство и сите наши граѓани да ги уживаат привилегиите кои ни припаѓаат“, е порака што денеска ја упати шефот на државата.
Претседателот Иванов го придружуваше и началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски.
XS
SM
MD
LG